| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Франција: Поради можна терористичка закана евакуиран факултет во Руан

Правниот факултет во француксиот град Руан ќе остане затворен од денеска, па до понеделник, со цел да се изврши проверка на објектот, по апсењето на едно лице поради „сомнително однесување“ во близината на образовната институција.

Лицето, за кое постои сомнеж дека е поврзано со исламски радикали, е уапсено во неговиот дом, откако било пријавено дека „се однесувало сомнително во близината на факултетот“. Тоа во полицискиот регистар од претходно било заведен како „радикализизиран елемент“.

– Лицето, кое не е студент на Фајултетот, било забележано како сомнително се однесува од страна на еден студент, кој ја повикал полицијата, наведува весникот „Пари Норманди“, кој додава дека уапсениот, на возраст од дваесет години, повеќе пати бил виден во близина на факултетот.

Студентот што го забележал „сомнителното однесување“ на уапсениот, почнал да го следи, по што ја запишал регистрацијата на неговото возило и се јавил в полиција.

Пред пребарувањето на факултетот од страна на безбедносните сили, деканот ги извести студентите дека факултетот ќе биде затворен од денеска и дека повторно ќе почне со работа в понеделник. По пребарувањето не е најдено ништо сомнително, а и во домот на уапсениот, според „Пари Норманди“, полицијата не пронашла никакви докази за терориситчка активност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top