Бред Пит е под истрага на полицијата и на социјалните служби во Лос Анџелес поради изјавите дека вербално и физички ги малтретирал децата во нивниот приватен авион.
Инцидентот поради кој е поведена истрагата, се случил минатата среда кога семејството Џоли-Пит се враќало во Лос Анџелес.
Наводно, за време на летот, Бред се напил и почнал да вика по своите наследници, а набрзо станал и насилен. Ваквото однесување продолжило и кога авионот слетал, пишува ТМЗ. Сето тоа го видел некој што бил во авионот, па анонимно го пријавил случајот на социјалните служби.
Токму тоа бил инцидентот што ја натерал Анџелина да поднесе документи за развод.
Полицијата и социјалните служи сега го испитуваат случајот. Испитани се Бред и Анџелина, а наскоро ќе бидат испитани и нивните деца.
Извор близок на Бред рекол дека тој сето тоа го сфаќа сериозно, но дека негира дека бил насилен кон децата.
Претходно светските медиуми, врз основа на тврдењата на дадилките на децата на Бред и на Анџелина, пишуваа дека во нивниот дом владее анархија, дека децата на славната двојка пијат алкохол, играат со ножеви и не одат в училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драмата околу старателството продолжува: Бред Пит не сака децата да бидат близу Аџелина
-
Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката
-
Имала тајна врска со жена: Анџелина Џоли мажот го изневерувала со оваа жена!
-
Зарем тој, после онаков Бред – сите се изненадени од новиот партнер на Џоли!