| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит ја отвори душата: Ја сакам, ама таа жена е луда!

pit

Од час во час се појавуваат нови детали за кои се претпоставува дека претходеле на крахот на љубовта на Анџелина Џоли и na Бред Пит, а последната ја понуди таблоидот „Сан“.

Тие пишуваат дека Бред ѝ признал на Анџелина дека има проблем со алкохолот и со дрогата, а наведуваат и дека имал многубројни бурни судири со наскоро поранешната сопруга. Наводно ѝ понудил на Анџелина да се пријават на рехабилитација за да го спасат баркот.

– Таа е луда, но се уште ја сакам – рекол Бред на своите пријатели кога сфатил дека бракот му пропаѓа.

Со оглед на тоа дека Анџелина го нарекла лош татко и побарала старателство над децата со барање Бред само да ги посетува, холивудскиот актер ги ангажирал најдобрите адвокати за да се избори за заедничко старателство. Бред и Анџелина имаат шест деца, три посвоени, три биолошки, а се венчаа во август 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top