| четврток, 6 декември 2018 |

Која е „кралицата за разводи“, која на Пит ќе му земе сѐ?

Лаура Васер ретко застапува клиенти, кои на сметката имаат помалку од девет милиони долари, наплатува 780 долари од час, а ја опишуваат како „холивудско комплетно решение за развод“.

Деновиве е поуларна и планетарно, а причина за тоа е што ќе го води разводот на векот – таа ќе ја застапува актерката Анџелина Џоли.

Овој случај е втор толку познат во скоро време – пред само неколку недели го застапуваше Џони Деп на разводот со Амбер Херд.

Првата бракоразводна парница на која работела оваа адвокатка е нејзината, во 1993 година. Потоа изјавила дека секој би требало да се венча барем еднаш.

Од славните личности ова мајка на две деца ги застапувала Мел Гибсон, Хајди Клум, Кристина Агилера, Ештон Качер, Рајан Рејнолдс, Мараја Кери.

На Бритни Спирс ѝ помогнала да го добие старателството над децата, а нејзиниот татко, исто така адвокат, ги застапувал Стивен Спилберг и Том Круз.

Господинот Васер ѝ дал средно име на својата ќерка Алисон, за нејзините иницијали да гласта LAW (анг. закон).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top