| четврток, 6 декември 2018 |

„Човекот што многу го сакаа“ ја отвора сезоната во Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје ja отвора новата сезона на францускиот киноклуб со проекцијата на филмот „Човекот што многу го сакаа“, в петок 23 септември 2016 година, во 20 часот во Кинотеката на Македонија.
Се работи за извонреден трилер, снимен според вистинит настан, под режисерката палка на еден од најдобрите француски режисери, Андре Тешине, и со Катрин Денев, Гијом Кане и Адел Енел во главните улоги.

Тв1 њуз за филмот ќе напише дека е „возбудлив од почеток до крај, не само по содржина, туку и по маестралната актерска игра“, а познатиот француски неделник за млади Лезенрок, пак, дека е „таинствено прекрасен“.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top