| четврток, 6 декември 2018 |

Цукерберг во нова мисија – да ги излекува сите болести до крајот на векот

Сопственикот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чeн имaат нова амбициозна цел – да го помогнат развојот и пронаоѓањето на лекови со кои би се елиминирале сите болести до крајот на овој век.

За таа цел, нивната филантропска фондација „Чен Цукерберг инишиатив“ наредните десет години ќе издвои три милијарди долари за поддршка на научните истражувања. Од нив 600 милиони долари ќе бидат наменети за изградба на нов истражувачки центар при Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско. Научната иницијатива ќе биде предводена од Кори Бергман, невролог чијашто стручна област е анатомијата на мозокот.

Цукерберг и Чен ветија дека ќе подарат 99 отсто од својата заработка. Последниве две години тие постојано разговарале со научници и истражувачи од разни области, за зацртаниот план да добие своја крајна верзија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top