| четврток, 6 декември 2018 |

Срамното интервју на Катица Јанева достигнува рекордна посетеност, се шири надвор од Македонија

Целосното интервју со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ги руши рекордите за гледаност на социјалните мрежи. Во само еден ден по објавувањето на целосната немонтирана верзија на снименото интервју е отворено над 100.000 пати.

Ако се има предвид интересот за ова видео и дека неговото емитување во јавноста е главна тема во државата, бројот на прегледи е многу поголем заради „групните прегледи“. Тоа воопшто не е спорно бидејќи главна тема на разговор во државата, а и меѓу иселениците е вербалната неспособност, неподготвеноста, како и елементарното непознавање на правната терминологија, како и непознавањето на случаите кои ги води и за кои Катица Јанева е назначена како специјална обвинителка.


fb-spodeluvanja

4.000 споделувања за 24 часа


Објавената вест на порталот „Република“ каде што е прикачено видеото за само еден ден преку социјалните мрежи е споделена над четири илјади пати. На официјалната страница на „Фејсбук“ на „Неделник Република“ нецензурираната верзија на интервјуто е прегледана над 1.800 пати.

Тоа што ја шокираше севкупната македонска јавност – политичка, експертска, медиумска, образовна – во основа лежи во непрофесионалноста на Јанева што оддава впечаток за нејзина несоодветност за функцијата која ја претставува и недораснатоста за сериозноста и влијанието кое нејзината работа и функција ја имаат во моментот.

За потсетување, носител на Специјалното обвинителство е Катица Јанева, а токму таа потоа го избра севкупниот тим кој работи во СЈО. Формирањето на ова обвинителство беше дел од Договорот од Пржино, постигнат со меѓународна асистенција, како дел кон решението и излез од најголемата политичка криза со криминални елементи и прислушувања на целиот македонски државен, општествен и бизнис врв, новинари, политички партии, локални општествени дејци.


1-godina-i-4000000-evra-2

Пред и потоа: Разлика од една година и 4.000.000 евра


Целиот случај од почеток на кризата, преку Договорот од Пржино и изборот на Јанева, преку кампањата за поддршка на СЈО која се водеше на социјалните мрежи, па до протестите за поддршка на СЈО, кои беа злоупотребувани од платеничката „револуција“ за уништување на институциите, спомениците и обележјата во Македонија со политичка заднина се пренесуваа и низ регионалните медиуми.

Имајќи притоа и предвид дека Јанева и нејзините соработници почнаа хајка против владејачката коалиција со спектакли наместо прес конференции, скандалите со непризнавањето на Собранието, колегите и Претседателот на државата и трошењето на 4.000.000 евра, како и фактот во нејзини раце е случајот со прислушуваните разговори кои свое место најдоа и во криминални структури во Србија, во Косово, Албанија и каде ли уште не, интересирањето за Јанева и Пуч во регионот стана уште поголемо.

Токму затоа сега, по големиот „земјотрес“ во македонското општество кој што го предизвика скандалозното интервју на Јанева за Јавниот сервис, од каде и протече немонтираниот снимен материјал, сега истото видео го привлекува и вниманието на медиумите од регионот.


kata1

На што потрошила два милиони евра државни пари за шест месеци?


Во соседна Србија, каде што веќе се пренесе веста за скандалозното интервју на специјалната обвинителка во Македонија, се наведува дека таа „на моменти изгледа како првпат да се сретнува со предметот ‘Пуч’“, како и дека до толку лошо се снаоѓала без нејзината папка што „дури и водителката делува подобро упатена во целата работа од неа“. Во соседството особено се нагласува дека публиката ниту во еден момент не разбира на што тоа специјалната обвинителка потрошила два милиони евра државни пари минатите шест месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top