Андријана Будимир му беше долгогодишна девојка на Тоше Проески, а по неговата трагична смрт се повлече од јавноста и не сакаше да дава изјави за медиумите.
Тие беа заедно од 2001 до 2004 година. Како што се шпекулираше тогаш, на нивната врска им пресудила раздвоеноста, големите обврски и реткото гледање. Тоше одлучил да се посвети на музичката кариера, а Андријана на спортската.
Љубовта ја обновиле во пролетта во истата година кога Тоше трагично загина, односно на 25 јануари кога Андријана му честитала роденден.
Поранешната ракометарка после трагедијата се повлече од јавноста и сврте нова страница во својот живот.
Андријана во 2013 година се омажи за скопски угостител со кој во 2014 година го доби синот Максим, а кратко по тоа отвори и приватно училиште за ракомет во кое работи како тренер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.