| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сајбер сексот е прељуба

Сајбер сексот е се попопуларен, зашто не постои ризик од бременост, пренесување болести, а и пертнерот тешко може да ве фати. Доколку ве открие, не може да ве обвини за прељуба. Седите дома, удобно во фотелја и се допипувате со некого.

Вистинското прашање е дали постои прељуба во сајбер сексот. Се се одигрува кај вас дома, пред мониторот, со тастатурата во раце, меѓутоа во мислите тој простор е некој друг, физички не се допрате и нема траги од прељуба. Можеби и не ја познавате личноста од другата страна, не знаете како изгледа ниту како се вика. Важно е да работи фантазијата.

Постои мислење дека прељубата во фантазиите и во главата е полоша од физичката, а дилемата е дали е понезабележливо да мечтаете и да лажете или повремено да направите излет е стара колку и човекот. Така и виртуелниот секс би можел да се посматра од две страни – како видеоигра на две непознати личности, но и како прељуба или како вовед во вистинска измама.

Поопасен од претходно

Секоја година техниката овозможува понапредни начини на оптење преку интернет. Затоа сајбер сексот станива пореален, освен што можете да се допишувате, можете да користите и камера, слушалки, микрофон. Во виртуелниот свет нема физички контакт, но затоа мислите, пишувањето, блудното зборување се многу повозбудливи од самиот сексуален чин.Ако партнерот ве фати на дело, можете да се вадите на тоа дека сајбер сексот е исто какод а сте сонувале секс со колега.

Сепак, не е толку едноставно. Докажано е дека луѓето кои немаат исполнет љубовен живот почесто посегаат по тстатурата и бегаат од стварноста, а сето тоа доведува до отуѓување.

Ако забележите дека партнерот поминува подолго време покрај компјутерот од обично, не купувајте парфеми за да му го свртите вниманието, туку седнете и разговарајте. А ако сте и вие љубител на сајбер секс, направете лажен профил и заведете го.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top