Во последно време сите раскинуваат и се разведуваат, па јавноста постојано се прашува – што се случува во светот на славните?
Адвокатката која често ги застапува ѕвездите во нивните разводи, Лаура Васер, открива 6 тајни на холивудските разводи:
1. Најдобро време за поднесување развод е пред празничен викенд, кога жолтиот печат не обрнува толку внимание. Во петок попладне било идеалното време, пред новинарите да ја откријат тајната.
2. Очигледно, службите во Лос Анџелес им пријавуваат на новинарите кога некоја славна личност ќе се појави со документ. Затоа Васер ги доставува документите до службите и канцелариите во места како Санта Барбара, од каде помали се шансите информациите да протечат во јавноста.
3. Ѕвездите се задолжени да им кажат на партнерите за разводот пред да ги пополнат документите. Во спротивно, ќе дознаат од медиумите.
4. Се препорачува сопружниците да преговараат пред да се пополнат документите, а не сите детали да ги откријат од документот.
„Мислам дека работевме на тоа добра година, година и половина, пред документите да се појават на ТМЗ,“ рече Мелани Грифит за разводот од Антонио Бандерас. „Дури и кога конечно се договоривме, решивме да тргнеме неколку лични информации од официјалните документи за да не излезат во јавноста.“
5. Разводите на славните често пати им се предадени на приватни судии, понекогаш дури и се случуваат во канцеларијата на адвокатката Васер. Така потешко медиумите доаѓаат до доверливи информации и фотографии.
6. Очекувајте повеќе разводи овој март, откако сезоната на наградите ќе заврши. Васер моментално има околу 45 случаи, од кои дел се разводи. Таа вели дека адвокатите се позафатени во јануари и февруари, веднаш по празниците. Разделбите обично се прогласуваат по Оскарите, кога клиентите немаат дополнителна грижа како да се појават сами на црвениот тепих.
извор: Црнобело
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.