| четврток, 6 декември 2018 |

Момче претепано и ограбено кај Железничка

Вчеравечер околу 22,00 часот во ПС Аеродром Д.С. (22) пријавил дека околу 19,25 часот на ул.„Атанас Митрев“, во близина на Транспортниот центар неговиот 16-годишен брат бил пресретнат од страна на три непознати малолетни лица кои физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и со закана со нож извршиле разбојништво, одземајќи му сребрено синџирче и избегале, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12 000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчисување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top