| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп: Дојде време кога треба да му се оддолжам на Ингс

dani-ings

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека сака да му се оддолжи на напаѓачот Дани Ингс.

Англичанецот успешно се опорави од повредата на коленото поради која мораше да пропушти поголем дел од минатата сезона, а на тренинзите прави се како би се наметнал пред Клоп.

„Дани работи навистина добро, но ситуацијата е таква што во моментов имаме многу напаѓачи. Блиску е… Тој е прекрасна личност, не е најлесна работа кога играчот работи напорно а не игра, така да секако сакам да му се оддолжам за сиот негов труд“ – вели Клоп, и дополнува:

„Не е секогаш можно, но ќе дојде момент кога ќе му се оддолжам на вистински начин“.

Ингс на „Енфилд“ е од 2015 година, кога пристигна од Барнли, а сезонава се уште нема одиграно официјален натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top