Во петок, (23 септември), со почеток во 20 часот, во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, Македонската опера и балет ќе приреди концерт во чест на Канонизацијата на Мајка Тереза.
На програмата се следните дела и изведувачи: Џовани Батиста Перголези: SALVE REGINA за сопран и гудачки оркестар, Солист: Славица Галиќ-Петровска – сопран Томазо Албинони: ADAGIO за сопран и гудачки оркестар Солист: Ивана Здравкова – сопран Антонио Вивалди: GLORIA за солисти, хор и оркестар Солисти: Наде Талевска-сопран I, Ана Ројдева-сопран II и Николина Јаневска-мецосопран Диригент е Бисера Чадловска, режисер, Дејан Прошев, хор-мајстор, Јасмина Ѓорѓеска, а корепетитор, Андреј Наунов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.