Метеоролозите за утре најавуваат променливо облачно време со локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а максималните од 18 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Температурата од 11 до 22 степени. И утре ќе има услови за краткотраен локален дожд.
Потоа од четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места и студени утра. Ќе дува умерен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.