Вчеравечер околу 22,30 часот во ПС Гостивар била пријавена експлозија на ул.„Панче Попоски“ зграда бр. 2 во приземјето од станбениот објект. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници во приземјето било пронајдено пластично шише со непозната течност со остар мирис и парчиња од алуминиумска фолија.
За време на обезбедувањето на местото во непосредна близина од соседната зграда се слушнала уште една детонација, при што биле забележани две лица како со трчање се оддалечуваат.
Од страна на полициските службеници што го обезбедувале местото биле преземени мерки за пронаоѓање на лицата. Тие се пронајдени и од извршената проверка на идентитетот констатирано е дека се работи за две малолетни лица на возраст од 16 години од Гостивар.
За нив ќе бидат преземени мерки од областа на ЗППЈРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.