| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ќе додели 150.000 евра помош за поплавените во Скопско

Финансиска помош од вкупно 300.000 лева (150.000 евра) ќе додели Владата на Бугарија за Македонија како дополнување на техничката и хуманитарната помош, која Софија ја донира  за справување со последиците од поплавите од 6 и 7 август во Скопскиот и Тетовскиот регион, пренесе бугарската национална новинска агенција БТА.

Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, средствата ќе бидат уплатени во два еднакви износа на сметката на Црвениот крст на Македонија за надминување на последиците од поплавата и на сметката на Министерството за финансии за справување со материјланите штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top