| четврток, 6 декември 2018 |

ИВЗ бојкотира, реисот на српските муслимани доаѓа на меѓурелигиската конференција

Rijaset_Islamske_zajednice_Srbije Adem Zilkic

Адем Зилкиќ, реис ул улема на српската исламска верска заедница денес потврдил дека ќе присуствува на Меѓународната конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која ќе се одржи денес и утре во Скопје.

 

Како што веќе пишувавме ИВЗ ја бојкотира оваа конференција, поради неисполнување на барањата да се изгради џамијата во селото Лажец, Чарши-џамија во Прилеп, како и враќањето на имотите во Старата скопска чаршија од османлискиот период.

И Српската православна црква нема да учествува на оваа конференција поради непризнаениот статус на Македонската православна црква-ОА во православниот свет, односно поради долгогодишниот спор што го имаат двете цркви.

– Уште во февруари годинава доставивме уредна покана и писмо до поглаварот на Српската православна црква. Тој не го потврди учеството ниту, пак, даде благослов некој друг свештеник или митрополит да го заземе неговото место, додаваат од Министерството за култура.

Врз реисот Зилкиќ е фрлена фатва (забрана да се слушаат молитивите и полклонување на верниците, во случајотв пред Зилкиќ) од страна на босанскиот реис во заминување Мустафа Цериќ, за кого постои раширено мислење дека е близок до екстремните исламистички групи во Босна.

mustafa ceric

 

Мустафа Цериќ

На конференцијата, која се одржува под мотото „Слободата и достоинството основни вредности на меѓучовечките и меѓукултурните односи“, ќе учествуваат стотина гости од странство, но не и претставници на Исламската верска заедница.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top