За 2.000 граѓани Финци, државата од идната година им подготвува остварување на утопијата, ќе добиваат пари секој месец без никакви обврски, па дури нема да мораат и да бараат работа. Станува збор за експериментално воведување на темелниот универзален приход, познат под англиската кратенка УБИ((universal basic income), во Финска, земјата која и инаку многу екприментира на разни полиња, од образование до начин на донесување на новите прописи. Така децата во финските училишта немаат домашни задачи, а законите се носат така што во расправата учествува кој сака.
Како и да е, остварувањето на утопискиот сон да нема гладни, никој да не е на улица и секој да има сигурен приход е нешто што се шири во други земји како идеја, додека Финска започнува со примена на овој двегодишен експеримент веќе од почетокот на идната година.
Така по случаен избор меѓу невработените кои примаат парична помош ќе бидат избрани 2.000 лица по случаен избор и секој од нив ќе прима по 560 евра месечно. По две години однесувањето на таа група лица ќе биде споредена со друга група на лица кои ќе продолжат да примаат редовна парична помош исто така од 560 евра. Разликата е во тоа што тестираните ќе можат да се вработат, а приходоот од 560 евра да им остане, додека останатите невработени го губат правото на парична помош ако најдат работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.