| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ги пофали граѓаните за храброста

Претседателот на САД, Барак Обама денеска ги пофали граѓаните на Њујорк и на Њу Џерси за храброста што ја покажаа изминатите денови, кога местата на кои живеат уште една беа мета на напади.

– Во моменти како овој, важно е да се сетиме што се обидуваат терористите и екстремистите. Тие се обидуваат да повредат невини луѓе, да предизвикаат страв и да ги нарушат нашите животи. Луѓето овде не се плашат. Тие се цврсти и отпорни, посочи Обама.

Полицијата во Њу Џерси денеска го уапси Ахмад Кан Рахами, американски државјанин роден во Авганистан. Тој е осомничен за предизвикување на експлозија во Њујорк и во Њу Џерси за време на викендот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top