„Ќе исчезне ли Европската унија од меѓународната сцена и ќе остави ли другите да го моделираат светот“.
Тоа е клучното прашање кое претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го постави пред Европскиот парламент за време на неговото годишно обраќање за ситуацијата во унијата.
Жан Клод Јункер не требаше многу да говори за да ја опише ситуацијата во унијата. „Европа се наоѓа во пламенот на егзистенцијална криза“, рече претседателот на комисијата. Полошо од тоа може единствено да биде нејзиниот крај, пишува романски „Адеварул“.
А за Европа крајот на сонот за европско единство значи категорично и крај на мирот и просперитетот. Историјата на континентот го докажува тоа и Жан Клод Јункер потсети на сите тие факти пред европратениците во Стразбур.
Неговиот план за зацврстувањето на довербата во унијата преку конкретни мерки беше поздравен од големите политички групи – Европската народна партија (ЕНП), Партијата на европските социјалисти (ПЕС), и Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ). Јункер зборуваше за Брегзит, заедничката одбрана, безбедноста, тероризмот, кризата со бегалците, борбата против даночните измами, справедливата распределба, плановите за младите, правната држава, европските вредности и не на последно место, за преземањето на одговорност. Како што беше поздравуван со аплауз, истовремено беше и исвиркуван од дел од парламентарците националисти и антиевропејци од круговите на Марин Лепен и Најџел Фараж.
Три важни точки во визијата на Јункер за заздравувањето на ЕУ
Прво, заедничката одбрана. Имаме потреба од еден единствен штабен центар за воените операции на ЕУ. Европа во моментов е дефинирана од „софт пауер“ и затоа треба да изгради и компонента „хард пауер“, да стане тврда Европа. Ианку, ситуациите како оние во Сирија и Северна Африка ќе продолжат да предизвикуваат катастрофи и да се закана за градовите во Европа. терористите кои нападнаа во Европа се подготвиле во камповите на ИД. Европа има потреба од заеднички одбранбени структури, кои ќе дејствуваат постојано и како дополнување на оние на НАТО. Исто така има потреба од фонд за воени истражувања и од воени капацитети кои ќе бидат под ЕУ. Во Братилсава се очекуваат политички решенија за да се тргне кон изградба на Европска армија.
Второ, заедничка надворешна политика. Федерика Могерини треба да дејствува како еден вистински министер за надворешни работи на ЕУ. „Да ја разгледаме брутална војна во Сирија. Каде беше ЕУ, каде се државите членки во дискусиите за решавање на конфликтот?“, праша Јункер. Во неговата визија, ЕУ треба да определи стратегија за Сирија и да преговара за решавање на ситуацијата со меѓународните партнери.
Трето – преземање на одговорноста од ЕУ. Што значи тоа?
Европската комисија да стане политичка, а не технократска. Европскиот извршен орган ќе добие политичка суштина, а комесарите како во националните влади веќе нема да бидат задолжени да даваат оставка ако сакаат да учествуваат на европските избори.
Заедничка одбрана, заедничка надворешна плитика, политичка влада на ЕУ, нема ли тука прилично многу федерализам? Јункер не сакаше да каже.
Напротив, претседателот на Комисијата ја почувствува потребата да подвлече неколку нешта за уште повеќе да не го предизвика гневот на антиевропејците во салата.
-Не сме Соединетите Американски држави, каде претседателот држи говор за состојбата во земјата пред двата дома на Конгресот. Ситуацијата во нашата унија покажува многу јасно го покажува неединството во ЕУ. Не сме Соединети европски држави. Нашата Европска унија е многу косложена. А игнорирањето на сложеноста би било грешка која би довела до погрешни решенија“, посочи Јункер.
Но неговите објаснувања не ги смирија националистите на Ле Пен и Фараж. Од нивните клупи за сето време на говорот се слушаа коментари и критики, а Јункер воопшто не беше поштеден: „старец без идеи, кој ќе ја погреба Европа“, беше една од најмеките забелешки на негова адреса.
Што прави Романија?
Романија ја поддржува идејата за заедничка европска армија, особено откако темата беше разгледана во Букурешт со претседателот на Франција, Франсоа Оланд. Левицата и десницата тука не се разединуваат.
Мариан Жан Маринеску. Национално-либерална партија, од групата на ЕНП, е убеден дека кризната ситуација во Европа има и добра страна, затоа ја наведе Романија како земја која го поддржува европскиот проект и може да биде подобро слушната.
Виктор Боштинару. Социјалдемократска партија, од групата на ПЕС, рече дека е важно таа армија да биде наменета за одбраната на сите европејци, тоест и на оние од истокот. А распределувањето на силите на теренот да се направи соодветно на ризиците во секој дел на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.