Обилните дождови и бури предизвикаа проблеми во различни реони на Романија. Во дел од земјата е прогласен жолт аларм поради дождовите, а во низа реони портокалов аларм поради опасни метоеролошки појави.
Бурите синоќа предизвикаа поплави во неколку места во источниот романски округ Констанца.
Во градот Констанца неколку улици беа поплавени, а ветерот собори неколку дрвја. Само за еден час во Констанца наврнале 35 литри дожд на квадратен метар.
Поплави имало и во западниот град Арад, каде што во централните делови, нивото на водата изнесувала над 50 сантиметри. Метеоролозите за денеска предвидуваат нови обилни дождови, грмотевици и силен ветер.
Портокалов аларм е прогласен во окрузите Баку, Васлуј, Вранча, Галац, Тулча, Браила и Бузу, како и во планинските реони на окрузите Прахова, Дамбовица. Арджеш. Валча и Горж. Се предвидува дека во планините би можело да наврнат од 60 до 80 литри дожд на квадратен метар.
Повеќе на оваа тема:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.