| четврток, 6 декември 2018 |

Извештајот на СЈО в понеделник на собраниска седница

Собранието на Република Македонија ќе го разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство на 120. седница што претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја закажа за в понеделник, на 26 септември.

Во рамките на 120. седница на Собранието пратениците ќе го разгледуваат и годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Претходно двата извештаи на СЈО и на Јавното обвинителство на РМ ќе ги разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top