| четврток, 6 декември 2018 |

Тажна слика од соседството – Шестгодишно девојче со денови спие на тротоар

02

Повозрасни луѓе – скитници како спијат на градските улици и тротоари веќе и не се толку необична слика во метрополите во регионот. Сега на Балканот може да се забележат и се повеќе деца кои се мачат со ваквата судбина. Неодамна шестгодишно девојче било забележано како спие на тротар, со две ќебиња, едно под неа, а со другото покриена, во Нови Пазар, Србија.

Како што јави локалниот портал Санџакпрес, тоа не и била единствена вечер која ја минала таму. За жал ова шестгодишно девојче со денови лутало  и спиело по улиците. Нејзината мајка неодамна починала, а таткото бил социјално неспособен за старетелство.

01

Оваа слика предизвика бројни реакции меѓу корисниците на социјалнитемрежи од Балканот, а многумина повикаа да се донираат средства за да му се помогне на ова несреќно девојче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top