Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС 98 и Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС95 и на ЕУРОДИЗЕЛОТ останува иста.
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 отсега ќе биде 63,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 36,50 ден/лит.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС95 и понатаму останува 62 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ 48 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,213 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 22,795 ден/кг.
Новите цени на нафтените деривати се направени согласно референтните цени на нафтените
деривати на светскиот пазар во изминатиот 14 дневен период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.