| четврток, 6 декември 2018 |

Турски печат: Почнува учебната година, во државата недостигаат 130 илјади наставници

Почетокот на новата учебна година во Турција е меѓу водечките теми на турскиот печат.

За околу 18 милиони и 43 илјади ученици во Турција, како и за 900 илјади наставници денеска почнува учебната година.

Во училиштата ќе бидат организирани иницијативи под мотото „Победа на демократијата и помен за загинатите херои на 15 јули“.

Во сите училишта ќе бидат поделени брошури за случувањата од 15 јули кога во државата имаше обид за пуч. Градскиот транспорт во Истанбул ќе биде бесплатен од 6 часаот до 14 часот, објави Милиет.

Провладиниот Стар нагласува дека новата учебна година почнува без кадрите на проповедникот Фетулах Ѓулен (обвинет од властите за обидот за пуч). Од настава се отстранети 55 илјади наставници, дел од нив биле во наставниот процес повеќе од половина век. Со таа чистка во образованието одново се служи само на волјата на народот, наведува весникот.

Истовремено, про-опозициските изданија истакнуваат за огромни проблеми во државата во системот за образование поврзани со недостиг од наставници.

Тешка година за образованието (Џумхуриет), Училиштата почнуваат денеска, новата учебна година одново со скандали (Ајданлак), Вонредна осстојба во системот за образование (Евренсел). Тоа се дел од насловите на тие весници.

Учебната 2016-2017 година почнува со голем број проблеми. По обидот за преврат од настава се отстранети наставници заради поддршка на ФЕТО. На нивните места се уште не се назначени нови наставници, наведува Џумхуриет.

Весникот го цитира синдикатот во образованието според кој, во државата во моментот недостигаат 130 илјади наставници. Во Дијарбекир има недостиг на над 4 илјади наставници. Најмногу недостигаат во Истанбул – 27 илјади.

Учебната 2016-2017 година почнува со хаос – 1,5 милиони ученици остануваат без наставници и поради тоа, училишното ѕвонче ѕвони без да има наставници кои планираат протести, наведува Евренсел.

„Задолжително учење арапски јазик за седумгодишните“, тоа е главен наслов на првата страничка на весникот Ајданлак кој посочува дека од оваа учебна година децата во второ одделение почнуваат со изучување арапски јазик. Меѓу темите што ќе се изучуваат на часовите по арапски јазик се и – Ја сакам религијата, Го сакам пророкот, Намаз по петпати дневно и Постење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top