Новата генерација на талентирани млади актери се заштитните лица на четиринаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржува од 28 до 30 октомври, под мотото „Талентот е новото секси“ (Talent is a new sex).
Пред објективите на „Ани и Дими“, во улоги на модели влегоа Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Владимир Петровиќ и Билјана Јовановска со што викендов започнаа подготовките за тридневното есенско модно случување.
-Новиот милениум донесе една цела генерација на паметни, талентирани и храбри ѕвезди на театарот и киното. Ова поврзување на актерите и модниот свет е всушност поврзување на талентите, индивидуалноста, естетиката и креативноста од различни светови. Сакаме синергија на најдоброто од различните полиња на уметничкиот израз – велат организаторите на Моден викенд Скопје.
Стајлингот на актерите го осмисли познатата модна блогерка Јована Зука. Бекстејџ фотографиите ги потпишува Марина Трајковска.
– Благодарни сме што Музејот на своремената уметност во Скопје и „Smart Living“ ја препознаа нашата идеја и безрезервно ни овозможија да направиме фотографии кои ќе се паметат – додаваат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.