Во финалето на 105. издание на Дејвис Купот ќе играат репрезентациите на Аргентина и Хрватска. Аргентинците, во состав Хуан Мартин Дел Потро, Федерико Делбонис, Леонардо Мајер и Гуидо Пелја, успеаа да слават против Велика Британија со 3-2 и да стигнат до петтото финале во својата историја.
Последниот бод за аргентинската репрезентација го освои Лонардо Мајер, кој го замени Дел Потро во последниот меч против Кајл Едмонд. Аргентинскиот тенисер славеше со 3-1 (4-6, 6-3, 6-2, 6-4) и донесе петто финале на најстарото тениско натпреварување за репрезентации.
Оваа година ќе се добие нов шампион, бидејќи токму Велика Британија ја освои титулата минатата година со победата над Белгија. Хрватска ќе се бори за вториот трофеј, а Аргентинците по четири порази во финалиња, ќе го бркаат првото славје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.