
Вработен во битолскиот катастар, добил кривична пријава, за тоа што му овозможил на еден станар да си го приграби заедничкиот подрумм од зградата.
СВР Битола поднесе посебен извештај против Љ.Ј.(54) од Битола, службено лице во Агенцијата за катастар за недвижности-Битола за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Во текот на 2011 година, пријавениот по барање на С.Р. од Битола извршил промена на помошен објект во станбена зграда, без за истото да постои комплетен правен документ со кој би се докажала сопственоста, при што објектот го пренаменил од подрум во приземје и го впишал во сопственост на С.Р., со што му овозможил да се стекне со право на имотен лист на просторијата, ускратувајќи им го на останатите станари правото на користење на заедничката просторија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


