Новиот претседател на УЕФА Александар Чеферин почнува полека да го формира тимот на свои соработници. Словенецот потврди дека улогата на негов советник ќе ја има славниот српски фудбалер, Дејан Станковиќ.
– Можеме да се натпреваруваме со ФИФА. Инфантино за свој советник го има Звонимир Бобан, а јас Дејан Станковиќ – изјави Чеферин на првата конференција како прв човек на УЕФА.
За претседател на eвропската фудбалска куќа, довчерашниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Словенија Александар Чеферин е избран на состанокот во Атина со 42 гласа за, од 55 членки на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.