| четврток, 6 декември 2018 |

Лина Ѓорческа се пласира во полуфинале на турнирот во Добрич

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на фјучрсот во бугарскиот град Добрич.

Ѓорческа денеска во мечот од четвртфиналето ја победи Лаура Шедер од Германија, инаку третата носителка на турнирот, и тоа во меч кој траеше за 64 минути со 2:0 по сетови со идентични 6:2 и 6:2.

Утре во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра против првата носителка Изабела Шиникова од Бугарија која со 6:4 и 6:2 денеска ја победи Кристина Ене од Романија.

Ѓорческа со Шиникова (први носителки) попладнево играат во полуфиналето на турнирот во двојки против Катерина Крамперова (Чешка) и Паола Ормаечеа (Аргентина).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top