| четврток, 6 декември 2018 |

Тијаго Силва повторно пред портите на „Сан Сиро“?

tijago-silva

Се очекува дека Милан ќе има „жешка“ зима, а кинеските инвеститори најавија враќање на клубот на победничките патеки. Ангажманот на фудбалерот на Челси, Цеск Фабрегас, е веќе договорен, а информациите говорат дека би можело да се случи и враќање на Тијаго Силва во Милан.

Пари Сен Жермен му понуди продолжување на соработката, но бразилскиот дефанзивец го одби тоа и раководството на клубот е подготвено да го продаде играчот во зимскиот преоден рок.

Самиот фудбалер неколкупати истакна дека би сакал да се врати во Милан, а раководството на клубот верува дека заедно со Ромањоли би сочинувале вистински стоперски тандем. Милан в зима ќе има на располагање 100 милиони евра за засилувања, а кинеските инвеститори нема да жалат на средства да го вратат миленикот на тифозите на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top