| четврток, 6 декември 2018 |

На гробиштата на македонската економија: Граѓаните запалија свеќи и положија цвеќе и на овој „петнаесетти септември“

fabriki-sdsm

Граѓаните на Република Македонија не ги забораваат делата на СДСМ. Оваа партија кога беше на власт остави на улица 200.000 граѓани. СДСМ остави без работа 200.000 семејства во криминалната приватизација, а додека граѓаните немаа никаков приход, се богатеа тесниот круг на луѓе околу челниците на партијата. Ова време остави тажни и тешки спомени кај сите работници кои тогаш останаа на улица. Тоа ниту до ден-денес не може да се заборави.

Во близина на некогашната фабрика „Алумина“, една од петнаесетте загубари, граѓани направија герила акција во која порачаа да не се заборави како работеше СДСМ. Тие запалија свеќи за сите затворени фабрики чиишто работници беа жртви на политиките на СДСМ.

fabriki-sdsm2

Граѓаните нема да заборават и друго „дело“ на СДСМ. Вечно ќе ја помнат најголемата историска лага кажана од екслидерот Бранко Црвенковски. За 15 септември, политичарот кого го нарекуваат татко на транзицијата, ветуваше и никогаш не оствари: по еден вработен од секое семејство. Партијата која денес е цела деценија во опозиција, ветуваше работа, а оставаше луѓе на улица. Тоа граѓаните нема да го заборават.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top