Следната натпреварувачка сезона во најсилната кошаркарска лига, дефинитивно, ќе биде посиромашна од претходната, откако неколку НБА-ѕвезди решија да им стават крај на своите кариери и да заминат во легендите. Еден од нив беше и Тим Данкан, а неговиот доскорашен соиграч Тони Паркер е убеден дека на „мамузите“ воопшто нема да им биде лесно без него.
– Тим е незаменлив и многу ќе ни недостига. Сепак, успеавме да го доведеме Пау Гасол, тој, сигурно, ќе ни биде од голема помош. Мислам дека имаме добри шанси во наредната сезона. Освојувањето на трофејот секогаш ми претставувало мотивација, а имав и доволно среќа да сум во Сан Антонио, тим што секоја година конкурира за прстенот – истакна поранешниот репрезентативен бек на Франција.
Тим Данкан по 19 години се прости од дресот на „мамузите“ каде што речиси цела своја кариера ја помина покрај Паркер и заедно освоија четири шампионски титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Македонскиот балетски уметник Марко Мицов во главна улога во „Рубини“ во Балетот во Сан Антонио
-
КСС е против зголемување на старосната граница за пензионирање