| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје се тресе во серии, СДСМ во дилеми: Што се случува кога мизантропите и намќорите ќе завладеат со партија?

Скоп­је се тре­се­ше. Исто­вре­ме­но се тре­се­ше и дел од СДСМ. Глав­ни­от град од се­ри­ја зем­јо­тре­си, а ме­во­ви­те на дел од функ­ци­о­не­ри­те на глав­на­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја од сме­е­ње. Во исто вре­ме ко­га ил­јад­ни­ци гра­ѓа­ни се чу­деа ка­ко и ка­де ќе ја ми­нат но­ќта, ви­со­ки пар­ти­ски чел­ни­ци од Из­врш­ни­от и од Цен­трал­ни­от од­бор на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те се мис­леа ка­ко и на ко­ја со­ци­јал­на мре­жа да се потс­ме­ва­ат со стра­вот на со­гра­ѓа­ни­те. „Виц­ка­сти­те“ ми­зан­тро­пи си играа со чув­ства­та на скоп­ја­ни, а пар­ти­ја­та со мол­кот ги одо­бри нив­ни­те дејс­тва. И та­ка, спо­ред бед­на­та и воз­љу­бе­на ка­у­за, не­про­коп­са­ни­те ше­го­биј­ци си играа со чув­ства­та на „сто­ка­та“ и на „се­ла­ни­шта­та“, ко­ја не е нив­на цел­на гла­сач­ка гру­па...

Скоп­је се тре­се­ше во се­рии, а гра­ѓа­ни­те и функ­ци­о­не­ри­те од ИО и на ЦО на СДСМ беа во раз­лич­ни ди­ле­ми. Пр­ви­те се мис­леа да­ли да оста­нат до­ма или во пар­ко­ви­те, а вто­ри­те да­ли да ја спо­де­лат „ше­га­та“ на „Фејс­бук“ или на „Тви­тер“. И до­де­ка ил­јад­ни­ци воз­не­ми­ре­ни гра­ѓа­ни над­вор од до­мо­ви­те до доц­на во но­ќта уп­ла­ше­ни дре­меа по клу­пи­те во пар­ко­ви­те, чле­но­ви­те на вр­ху­шка­та на СДСМ во си­лен „тво­реч­ки не­мир“ до­жи­ву­ваа нап­лив на „ху­мор“ во удоб­ни­те фо­тел­ји и „дре­меа“ и „ше­ру­ваа“ виц­ка­сти ста­ту­си на со­ци­јал­ни­те мре­жи. Преп­ла­ше­ни­те гра­ѓа­ни се по­тсе­ту­ваа на ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес од 1963 го­ди­на во кој за­ги­наа 1.100 лу­ѓе, тра­ге­ди­ја дла­бо­ко и тра­ор­но вре­жа­на во ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја, а чле­но­ви­те на ЦО и на ИО заг­ла­ве­ни во се­ќа­ва­ња­та од вре­ме­то на вла­де­е­ње­то и жел­ни за не­го­во вра­ќа­ње, зем­јо­тре­сот го про­тол­ку­ваа ка­ко про­ме­на, ка­ква и да е, ма­кар и те­ктон­ска, про­ме­на што во­де­ла кон дру­ги про­ме­ни?!

Со цел да им се приб­ли­жат и да не оста­нат по­ку­со во глу­по­ста, им се прик­лу­чи­ја и ре­ди­ца но­ви­нар­ски ју­риш­ни­ци. По­ве­ро­јат­но, са­каа пла­та или до­бит­но ме­сто на кан­ди­дат­ски­те ли­сти. До­се­га имаа мно­гу ва­кви, на­ста­на ус­пеш­ни при­ме­ри, кои во ур­ба­ни­от ма­ке­дон­ски реч­ник са­мо­на­мет­на­та­та фра­за „про­фе­си­о­на­лен но­ви­нар“ ја де­фи­ни­раа ка­ко „но­ви­нар со ла­би­лен ка­ра­ктер, кој од­би­ва да ра­бо­ти за пла­та и са­ка да ста­не пра­те­ник“.

Зем­јо­тре­си­те не пре­ста­ну­ваа, а во Скоп­је се во­деа не­кол­ку па­ра­лел­ни, со­се­ма раз­лич­ни би­тки. Од ед­на стра­на, по­ве­де­ни од се­ри­ја­та по­тре­си, гра­ѓа­ни­те се бо­реа со раз­бир­ли­ви­от страв од си­лен зем­јо­трес и се пла­шеа за суд­би­на­та на најб­ли­ски­те, факт што сил­но го обре­ме­ни жи­ве­е­ње­то во глав­ни­от град, од дру­га стра­на, ин­сти­ту­ци­и­те сми­ру­ваа и исто­вре­ме­но се под­го­тву­ваа да би­дат „на го­товс“ за, не дај Бо­же, нај­ло­шо­то, а од тре­та екс­по­нен­ти­те од СДСМ во кој се во­де­ше со­се­ма по­и­на­ков нат­пре­вар. Та­му, кој од кој „по­ду­хо­вит“, ду­зи­на нам­ќо­ри и чле­но­ви на вр­ху­шка­та и исто тол­ку „про­фе­си­о­нал­ци“ се нат­пре­ва­ру­ваа чи­ја ше­га за зем­јо­тре­сот ќе би­де по­до­бра. Не сфа­ќај­ќи ја сопс­тве­на­та бе­до­ти­ја, не­свес­но ја по­ка­жу­ваа це­ла­та сво­ја праз­но­ти­ја, а по­ве­де­ни од одо­бру­ва­ње­то на грст ко­ле­ри­ци и ми­зан­тро­пи на ан­ти­со­ци­јал­ни­те мре­жи, кои ја оди­гра уло­га­та на ка­та­ли­за­то­ри во со­го­ру­ва­ње­то на скру­пу­ли­те и на чо­веч­ко­то, тие страс­но ужи­ваа во пре­зен­та­ци­ја­та на лич­на­та гр­до­ти­ја на ду­хот. Ду­зи­на ли­ко­ви, кои ни­ко­гаш не ус­пе­а­ле, а тол­ку мно­гу са­ка­ле да го сфа­тат цр­ни­от ху­мор на „Мон­ти Пај­тон“, се са­мо­заг­ла­ви­ја и јав­но со­го­ли­ја. На­стра­на, по којз­нае кој пат се ра­бо­те­ше за исти­те, не­прес­мет­ли­ви функ­ци­о­не­ри, кои ни­ка­ко да раз­бе­рат де­ка ху­мо­рот, ед­но­став­но, не им „ле­жи“, а не­шта­та што не ги зна­ат не тре­ба да ги пра­кти­ку­ва­ат. Се­пак, на­ро­дот, ка­ко и се­ко­гаш, спро­тив­но од нив, ќе ја гле­да до­бра­та стра­на на не­шта­та. Да, ба­рем не се хи­рур­зи. Ло­ши­от ху­мор сѐ уште не убил ни­ко­го, освен, мо­же­би не­чи­ја ка­ри­е­ра…

 

Кога намќорлакот станува партиска доблест

Во нор­мал­на пар­ти­ја, ко­ја др­жи до се­бе и са­ка да до­пре до гра­ѓа­ни­те, осо­бе­но пред из­бо­ри со алар­ман­тен и се­ри­о­зен „ми­нус“ кон по­ли­тич­ки­от опо­нент, ва­кви­те ли­ко­ви уште исти­от ден би би­ле ек­ско­му­ни­ци­ра­ни и иск­лу­че­ни од си­те те­ла, ка­ко до­бар при­мер за дру­ги­те не­до­вет­ни пар­ти­ски че­да, или, во нај­ма­ла ра­ка, цен­тра­ла­та и членс­тво­то би се огра­ди­ле од нив­ни­те не­про­мис­ле­ни дејс­тва. Тоа, се­ка­ко, би се слу­чи­ло са­мо во нор­мал­на пар­ти­ја, не и во опо­зи­ци­ја во ко­ја на це­на е омра­за­та и ка­де што по­зи­ции се до­би­ва­ат пре­ку плу­ка­ње и ма­ал­ски ман­гуп­ски игри. Збо­ру­ва­ме за пар­ти­ја во ко­ја мо­дел за по­ли­ти­ча­ри се Ши­ле­гов и Аде­ми… А, ако не­што не ви јас­но око­лу пар­ти­ски­те кри­те­ри­у­ми и вред­ну­ва­ње­то на плу­ка­чи­те, по­тсе­те­те се на из­бо­рот на ли­ко­ви­те за тех­нич­ки и за до­пол­ни­тел­ни ми­ни­стри. Не ед­наш, два­па­ти по ред…

analiza211-3

Пр­вос­по­ме­на­ти­те мо­де­ли, кои, очиг­лед­но, ба­рем спо­ред ви­си­на­та на функ­ци­и­те во пар­ти­ја­та и при­сус­тво­то во нив­ни­те ме­ди­у­ми, ги по­се­ду­ва­ат по­треб­ни­те и по­са­ку­ва­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки спо­ред кој е фор­ми­ран фо­то­ро­бо­тот на со­вре­ме­ни­от ма­ке­дон­ски со­ци­јал­де­мо­крат, уште пр­ва­та ве­чер се над­ми­наа се­бе­си. Сла­ва­та, се­пак, им тра­е­ше кра­тко. Аде­ми и Ши­ле­гов ги за­се­ни са­мо ед­на про­фе­си­о­нал­на но­ви­нар­ка, ко­ја по Ши­ле­го­во­то „Не беше зем­јо­трес. Ми­лен­ко си играл фриз­би со рам­на­та пло­ча“ и кон­тра­у­да­рот на Аде­ми „Еко­ном­ски по­раст од 3,9 по Рих­тер“, за­си­ле­но со „тон­чот“ на „Го­лем од­ѕив де­нес од 7 на­у­тро“, двај­ца­та ги ста­ви во ин­стант сен­ка со ста­ту­сот „Ни­е­ден зем­јо­трес не мо­же да ме спре­чи да пре­жи­ве­ам, са­мо да до­жи­ве­ам Гру­јо да пад­не. По­тоа сѐ е во ра­це­те на Алах“. Очиг­лед­но, кај неа единс­тве­на не­ло­гич­ност не е што се ви­ка Бил­ја­на – а си­те (па и са­ма­та) ја ви­ка­ат Ива… Нај­ве­ро­јат­но, ло­ги­ка­та е мно­гу про­ста и ста­ну­ва збор за са­мо уште еден „про­фе­си­о­на­лец“, кој со­ну­ва да ста­не пра­те­ник. Тра­ди­ци­ја си е тра­ди­ци­ја. И та­ка, но­во­то ко­му­ни­стич­ко мо­то гла­си: „И по Ти­то – Му­ки…“

analiza211-2

Се­пак, до­кол­ку пр­ви­от дел од неј­зи­ни­от ста­тус ја ста­ва на ви­де­ли­на пар­ти­ска­та опре­дел­ба, да­ли спо­ме­ну­ва­ње­то на Алах ука­жу­ва де­ка тре­ба да оче­ку­ва­ме де­ка не­кој ќе ја сме­ни и ве­ра­та са­мо за да вле­зе во СДСМ на го­ле­ма вра­та? Ло­гич­но­то пра­ша­ње во це­ла­та не­ло­гич­ност на Ива е: Да­ли ток­му па­тот на ра­ди­ка­лот Му­ки ѝ ги „отво­ри“ очи­те? По таа ло­ги­ка, ста­ри­те и зас­луж­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти, кои и та­ка одам­на од со­ро­со­и­ди­те и ша­ре­ни­те не­ма­ат ни­ка­ков при­стап до кан­ди­дат­ски­те ли­сти, се­га тре­ба ос­но­ва­но да се пла­шат и од но­ви­на­ри­те и ра­ди­ка­ли. Но не са­мо но­ва ма­ка за ста­ри­те пар­тиј­ци, ва­ка, СДСМ ста­ну­ва се по­се­ри­оз­на за­ка­на од го­ле­ма ка­дров­ска за­гу­ба за „про­фе­си­о­нал­ни­те“ ме­ди­у­ми и за те­ро­ри­стич­ки­те ор­га­ни­за­ции. Од дру­га стра­на, ва­ка или та­ка, но со но­ви­ов при­стап за прв­пат во по­сто­е­ње­то пар­ти­ја­та ќе отво­ри (или, по­до­бро ка­жа­но, ос­ло­бо­ди) и не­кое ра­бот­но ме­сто…

 

Грдотијата на наметнатото национално самоуништување

Во Ма­ке­до­ни­ја се слу­чу­ва­ат не­об­јас­ни­ви фе­но­ме­ни. Оваа кон­ста­та­ци­ја не ја оправ­ду­ва са­мо по­ја­ва­та на зем­јо­трес по го­ле­ми поп­ла­ви, на­уч­но це­лос­но кон­тра­ди­ктор­на, ба­рем ка­ко што твр­дат се­из­мо­ло­зи­те. Вто­ри­от не­об­јас­нив фе­но­мен е не­поз­нат во по­ли­ти­ко­ло­ги­ја­та и збо­ру­ва за кон­стан­тен изб­лик на гр­до­ти­ја од опо­зи­ци­ја­та по се­ко­ја вре­мен­ска и при­род­на не­по­го­да во др­жа­ва­та. Пред по­мал­ку од еден и пол ме­сец, исто­то се слу­чи со поп­ла­ви­те, а се­га го по­твр­див­ме со зем­јо­тре­си­те. И се­га и то­гаш, гра­ѓа­ни­те не­мо гле­даа ка­ко СДСМ ги зло­у­по­тре­бу­ва тра­ге­ди­и­те.

За сре­ќа на гра­ѓа­ни­те, во вто­ри­от слу­чај без жр­тви, но за не­сре­ќа на пар­ти­ја­та се­га, нас­про­ти пр­вич­на­та без­о­браз­на зло­у­по­тре­ба на ме­ди­у­ми­те во поп­ла­ви­те, кои имаа за цел да ја на­со­чат ви­на­та за при­род­на­та не­по­го­да кон вла­ста, а вр­ху­шка­та по пр­вич­ни­те из­ли­ви на Ра­да и на дру­ги­те се пов­ле­че во иле­га­ла, во но­ва­та не­кро­фил­ска при­ка­ска со зем­јо­тре­си­те во­деа функ­ци­о­не­ри­те, чле­но­ви­те и сим­па­ти­зе­ри­те.

Вто­ри­те и тре­ти­те ду­ри из­ва­ди­ја и те­о­рии де­ка зем­јо­тре­сот имал за цел да ги из­бр­ка и рас­тре­се „се­ла­ни­шта­та“, кои се до­се­ли­ле во „нив­ни­от“ град и де­ка би­ло до­бро што се до­се­ли­ле ток­му на тра­са­та на нај­го­ле­ми­от те­ктон­ски рас­цеп?! Дру­га­та, уште по­не­до­вет­на и не­про­мис­ле­на жел­ба на чле­но­ви­те и на сим­па­ти­зе­ри­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи бе­ше таа што на­ла­га­ше де­ка цел­та на по­тре­си­те би­ла уни­шту­ва­ње­то на сти­ро­пор­ни­те зда­ни­ја на „Скоп­је 2014“.

Ама во­оп­што не им пре­че­ше фа­ктот што на за­мис­ле­на­та и по­са­ку­ва­на „се­лан­ска“ ли­ни­ја мо­жеа да за­ги­нат ил­јад­ни­ци со­гра­ѓа­ни, ни­ту де­ка иста­та прет­по­ста­вка е уште по­о­чиг­лед­на во жел­но­то ури­ва­ње на об­је­кти­те од про­е­ктот „Скоп­је 2014“. Не, опе­ри­ра­ни од скру­пу­ли, по при­ме­рот на сво­и­те виц­ка­сти „мо­де­ли“ и, очиг­лед­но, во­де­ни и за­до­е­ни од пре­ми­са­та на по­чи­ту­ва­ни­от стра­тег Пен­да­ров­ски, во два­та слу­ча­ја ќе за­ги­не­ше са­мо „сто­ка“, а тие „со си­на крв“, не­до­вет­ни и пре­до­дре­де­ни за вла­де­е­ње, ко­неч­но, ќе до­би­е­ја шан­са да дој­дат до смис­ла­та на сопс­тве­но­то по­сто­е­ње. Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца по којз­нае кој пат ги из­не­ве­ри со из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври, а СЈО до­се­га са­мо дла­бо­ко ги раз­о­ча­ра. Па зо­што то­гаш не би се кр­сте­ле во зем­јо­тре­си и во поп­ла­ви? Та­ка, сил­но нав­ле­зе­ни и убе­де­ни во па­те­тич­на­та спа­си­тел­ска при­ка­ска на ли­де­рот, тие мал­ку­ми­на спло­те­ни и за­шти­те­ни на „За­е­ва­та ар­ка“ по­бе­до­нос­но би се вра­ти­ле ка­ко единс­тве­ни вла­де­те­ли на уни­ште­на­та зем­ја, пу­ста, раз­ур­на­та и про­пад­на­та, ама без „ре­жим“, не­ли ?! Грд и евтин филм, но ако цел­та ги оправ­ду­ва средс­тва­та, ма­кар би­ле и Со­ро­со­ви, зо­што не би ги оправ­да­ла и поп­ла­ви­те и зем­јо­тре­си­те?

 

Бетмен велит: Политичари паднати од Марс или паднати во лудило?

betmen-velit-300Како и секоја слободна недела во која обично човек се лаже дека ќе поспие повеќе од вообичаено, така и во оваа „земјотресна недела“ најдов причина да станам во 6.15 часот наутро. Запалив автомобил и отидов да пазарам нешто за јадење, па првата заушка на мајка природа кон Скопје ја пречекав в автомобил. Тресе дизелот и така, но одеднаш ме стресе малку посилно. Дури сфатив дека е земјотрес, а не дефект на автомобилот – цело Скопје, кое, веројатно, по децении беше будно во 7.00 часот наутро во недела, веќе на големо на „Фејсбук“ реферираше за непријатното будење, па како афтершок-терапија на претрпениот стрес се шегуваше лесно со прераниот будилник на Земјината кора кој сакал-нејќел сите ги разбуди на „прво ѕвонење“. Не е дека отсуствуваа политички тумор-хумор статуси и утрото, но ајде, ќе речеш, не е страшно, имаше лесен потрес, па за луѓето што се опседнати со личната политичка битка веројатно можноста да појадуваат стотина „лајкови“ на „Фејсбук“ е премногу неодолива за да му простат на земјотресот и да не го политизираат.

Вториот, тој силниот земјотрес, еден на стотина години според учените, го пречекав „храбро“ – на нога, кај Томе во „Штала“. И – толку за храброста. Сè потоа беше по сценариото на умерена до значително облачна паника по сите улици на кои поминав на пат за дома и на кои излезените граѓани тивко во себе како да бараа покајание за шегите од утрото со кои имаа цел да го излекуваат утринското непријатно шок-будење. Сега веќе беше јасно дека ѓаволот ја однел и шегата и почвата под нозете. Ако утрината се шегувавме за да си го залекувме стресот, второто многу посилно „мавање“ со себе ја носеше следнава порака: „Момци, мислевте дека сте безбедни? Ако, само мислете така“. Затоа, ми беше совршено разбирлива сликата што ја видов: сите, буквално сите, старо, младо, машко, женско, подвижно и неподвижно, сите излезени на улица. Таму каде што се чувствуваат малку побезбедно отколку во сопствениот дом бидејќи моменти пред тоа истиот тој дом смртно ги преплашил.

И човек си мисли дека во тие моменти нема да се лекува паника со несолен хумор, туку дека сите ќе покажат малку повеќе чувство за новонастанатата ситуација, далеку од очекувана. Утрината сите беа погодени од мало земјотресче кое им го прекина сонот, попладнето сите беа здрвени од потрес „еден на сто години“, кој за неколку секунди ја одзеде сета животна радост во Скопје и ја киднапираше на неколку часа.

Но не. Дел од „смешковците“ од утрото продолжија со своите неоправдани обиди за т.н. духовитост, веројатно по шаблон обидувајќи се да мудруваат или да ги покажуваат сиот раскош на својот интелект и итрината, без оглед на тоа дали можноста ја бива за тоа или не. Немањето елементарно чувство за глобалната потреба од трезвеност како контратег на растечката паника не е ново, но обично е карактеристика на луѓе со одредени ролетни околу центрите за разумно размислување. А не кај луѓе што се не само политичари туку и гласни претенденти да бидат гласот и разумот на народот, да се грижат за луѓето и да им даваат потпора и помош, да бидат меѓу нив кога им е најтешко и да ги насочат и смират, кога граѓаните се во паника и „не знаат каде тераат“.

Во такви моменти еден политичар ако не апелира на смирување и на храбрење на луѓето што избегале од дома во панична страв од смрт под урнатини, туку ако гледа да си тера шеги по „Фејсбук“, можно е во моментот, на пример, да бил на друга планета, па не почувствувал што се случува во матичната земја, меѓу својот народ – иако тоа воопшто не е тешко да се почувствува на социјалните мрежи каде што паниката и стравот се детектираа лесно како растителен кашкавал во тост.

Другата можност е истите тие политичари, веројатно, да сме ги прецениле дури и со тоа што сме ги сметале барем за разумни човечки битија, а тие, реално, немале контакт со мозокот. Водени од омразата и од гневот кон политичкиот опонент загубиле осет за сè, дури и за својот народ, па единствен двигател им се сопствените фрустрации, охрабрени од чувството дека се препаметни и предуховити. Иако резултатот, во моменти како споменатиот, е целосно спротивен.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 211. број на неделникот „Република“, 16.09.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top