Некои баратели на азил од земјите што се зафатени со војни, одат на одмор токму во местата од каде што наводно биле присилени да побегнат, откриваат новинарите на познатиот германски весник „Велт“.
Дел од емигрантите им потврдиле на новинарите дека на кратко време се враќаат во своите земји – Сирија, Авганистан и Либија. Целата сторија која што ја шокираше германската јавност ја потврдил и анонимен извор од Германското федерално биро за вработување.
Германските власти соопштија дека истражуваат колку често бегалците се враќаат во своите татковини и за колкав број луѓе станува збор.
Германските закони дозволуваат азилантите кои добиваат социјална помош од државата да ја напуштат Германија на 21 ден секоја година, при што тие не се должни да пријават каде заминале и дали воопшто заминале.
Дека германските власти биле свесни дека тоа навистина се случува и такво нешто практикуваат емигрантите, покажува и повикот на Канцеларијата за емигранти и бегалци, од каде што апелираат таквите случаеви, кога емигрантите се враќаат во своите земји на одмор (иако наводно биле присилени да го напуштат „хоророт“ кој ги опкружувал), да бидат пријавени.
Како што пренесуваат германските медиуми, доколку се покаже дека целта на патувањето на емигрантите во своите земји била одмор, тогаш тоа би можело да биде причина да им биде одземен азилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.