НУ Турски театар ќе ја изведе репризата на претставата „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ од Роланд ШИМЕЛФЕНИНГ во режија на Ивана АНГЕЛОВСКА, денеска (16.09. ) со почеток во 20 часот.
Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.
Автор: Роланд ШИМЕЛФЕНИНГ, Превод: Јуџел ЕРТЕН, Режија: Ивана АНГЕЛОВСКА, Драматург и асистент на режија: Ивана НЕЛКОВСКА, Сценограф: Дарко РИСТЕВСКИ, Костимограф: Марта ТРЕНДАФИЛОВА. Улогите ги толкуваат: ЛИЗ: Несрин ТАИР, ФРАНК: Осман АЛИ, МАРТИН: Ерман ШАБАН и КАРЕН: Сузан АКБЕЛГЕ.
- „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ на Роланд Шимелфенинг e напишана како дел од африканската трилогија во која како автори се појавуваат тројца писатели од различни континенти и кои од своја лична перспектива пишуваат за тоа како општеството во кое живеат го перцепира проблемот на Африка.
Овој глобален проблем е пренесен преку интимните стории на два брачни пара најблиски пријатели кои се разделуваат пред 6 години поради избор на дијаметрално различни животни правци. Ова драмско дело ја отсликува шизофренијата на понудените можности, преиспитувањето за сопствените избори и воопшто дезориентираноста на современиот човек која води до постојано незадоволство за избраниот живот.
Дали е наша должност да превземеме нешто кога ќе дознаеме дека некој е во животна опасност? Токму околку оваа дилема осцилира целата драма за на крај да се соочиме со тоа дека секој мора сам да го пронајде одговорот, вели режисерката Ивана АНГЕЛОВСКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.