| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар вечерва ја изведува „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“

НУ Турски театар ќе ја изведе репризата на претставата „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ од Роланд ШИМЕЛФЕНИНГ во режија на Ивана АНГЕЛОВСКА, денеска (16.09. ) со почеток во 20 часот.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Автор: Роланд ШИМЕЛФЕНИНГ, Превод: Јуџел ЕРТЕН, Режија: Ивана АНГЕЛОВСКА, Драматург и асистент на режија: Ивана НЕЛКОВСКА, Сценограф: Дарко РИСТЕВСКИ, Костимограф: Марта ТРЕНДАФИЛОВА. Улогите ги толкуваат: ЛИЗ: Несрин ТАИР, ФРАНК: Осман АЛИ, МАРТИН: Ерман ШАБАН и КАРЕН: Сузан АКБЕЛГЕ.

peggy

  • „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ на Роланд Шимелфенинг e напишана како дел од африканската трилогија во која како автори се појавуваат тројца писатели од различни континенти и кои од своја лична перспектива пишуваат за тоа како општеството во кое живеат го перцепира проблемот на Африка.

Овој глобален проблем е пренесен преку интимните стории на два брачни пара најблиски пријатели кои се разделуваат пред 6 години поради избор на дијаметрално различни животни правци. Ова драмско дело ја отсликува шизофренијата на понудените можности, преиспитувањето за сопствените избори и воопшто дезориентираноста на современиот човек која води до постојано незадоволство за избраниот живот.

Дали е наша должност да превземеме нешто кога ќе дознаеме дека некој е во животна опасност? Токму околку оваа дилема осцилира целата драма за на крај да се соочиме со тоа дека секој мора сам да го пронајде одговорот, вели режисерката Ивана АНГЕЛОВСКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top