| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Куманово – Пешак загина кај бензиска пумпа

soobrakajka-52181

Едно лице загина, откако во него удрил автомобил во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопшти полицијата. Несреќата се случила во 16:10 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на бензинската пумпа „Роси Петрол“, кога возачот на автомобилот „голф“, со кумановски регистарски таблички, 31- годишниот Д.Т., удрил во пешакот С.Т (1941) од кумановското село Арбанашко.

Жената починала од здобиените повреди, потврдија од одделението за хирургија од Кумановската болница.

Увид на местото изврши екипа на СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top