| четврток, 6 декември 2018 |

Би­Би­Си ќе мора да објави колку заработуваат популарните новинари

bbc

Британската Влада денеска објави план со кој ќе ја принуди медиумската куќа Би­Би­Си да објави колку заработуваат популарните новинари и водители. Би­Би­Си ќе мора да ги објави имињата на новинарите кои годишно заработуваат над 150.000 фунти (околу 180.000 евра), со цел да се обезбеди поголема транспарентност.

Во британскиот јавен сервис се спроведуваат реформи за заштеда во финансирањето. Буџетот на Би­Би­Си се најде во фокусот откако пред неколку денови остана без една од најгледаните емисии „Греј Бритиш бејк оф“, која беше откупена од комерцијална конкурентска куќа.

Би­Би­Си укина стотина работни места откако се согласи на мерките за штедење, со кои е предвидено да се заштедат над 700 милиони фунти до 2021-­2022 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top