| четврток, 6 декември 2018 |

„Адрија ервејз“ забрани употреба на Самсунг Галакси Ноут 7 за време на лет

adria

Словенечкиот авиопревозник Адриа ервејз, забрани употреба на најновиот модел на мобилен телефон на Самсунг поради безбедносни причини. Авио­компанијата соопшти дека новите смартфони Галакси Ноут 7 на Самсунг треба да бидат исклучени цело време на летот и не треба да се оставаат во багажот за чекирање.

Мерката е согласно препораките на Европската агенција за авијациска безбедност по информациите дека десетици телефони експлодирале заради дефект на батеријата, резултат од грешка во производството. Самсунг повлече 2,5 милиони такви телефони од неколку пазари во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top