| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа лесно и убедливо се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бугарија

Lina-Gjorceska-sport148-4

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа без многу проблеми го мина и второто коло на турнирот во Добрич, Бугарија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка ја порази и Лу Брулие со 2-0 во сетови (6-3, 6-3) и обезбеди пласман во четвртфиналето каде ќе се пресмета со победничката од мечот помеѓу Диа Евтимова и Лаура Шнедер.

Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа во комбинација со Изабела Шиникова ќе се пресмета против Катерина Крамперова и Паула Ормека: Во четвртфиналето, Ѓорческа и Шиникова славеа против Петја Аршинкова и Мирјам Бјанка Булгару со 2-0 (6-4, 6-3).

Ѓорческа е трета носителка на турнирот, а на последната ранг лсита на ВТА беше на 221. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top