| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на летото – следува големо паѓање на температурата

Во Македонија викендов ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд и со грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– В сабота попладне и в недела ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и со грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и во југоисточните делови од земјава – соопшти УХМР.

Позначителна промена на времето ќе има в понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи, кои локално ќе бидат пообилни. Температурата значително ќе опадне, а на места ќе биде и за десетина степени пониска во однос на претходните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top