Спортинг Лисабон го делеа минути од победа против актуелниот шампион Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ , но иако водеа до 88 минута, го загубија мечот. По натпреварот тренерот Жорж Жесус изјави дека е задоволен од неговите фудбалери, но им недостигаше искуство во самата завршница.
-Ние ги знаеме нашите квалитети без разлика против кој играме. Спортинг резултатски беше одличен до 88. минута и од тогаш Мадрид направи целосен пресврт. Одигравме одличен натпревар, но ни недостига искуство во завршницата. Голот на Роналдо беше прекрасен и само потврди дека е најдобриот играч на светот. На крајот мислам дека нашите 5.000 фанови кои дојдоа да ни дадат поддршка заслужија повеќе. Но, тие се шампиони и имаат менталитет да го свртат натпреварот за две минути- изјави по натпреварот тренерот на Спортинг.
Во наредното коло Спортинг на домашен терен игра против тимот на Легија, додека Реал Мадрид ќе гостува во Германија, кај Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)