| четврток, 6 декември 2018 |

Можно ли е пак да се случи земјотрес како тој во 1963? Што ќе се случи?

Пред повеќе од 53 години во Скопје се случи катастофален земјотрес што разурна 80 отсто од градот. Овие денови многумина си го поставуваат прашањето што ако повторно го погоди градот земјотрес со таков интензитет? Што ќе се случи со нас со нашите деца згради, куќи, училишта?

– Гледајќи сега од преку 50 годишна дистанца се чудам како е можно толку градби во градот да биле изградена без носечки конструкции и столбови туку така само ѕидани со комбинација од тули, цигли, малтер, вар и по некоја дрвена греда, пишува порталот енаука.

Сегашните згради, куќи и објекти кои се состојат од бетонски армирани темели, носечки вертикални бетонски армирани столбови кои се поврзани со хоризонтални бетонски армирани столбови (цирклажи), кров чии греди се прицврстени за самите столбови се и теоретски и практично неуништливи за земјотрес од калибар на тој од 1963.

Иако може да има по некој испукан ѕид фасада или турнат оџак сепак главната конструкција на куќите и зградите може да издржи минимум 10 пати појаки земјотреси од тој во 1963.

– Ѓраѓаните што живеат во дрвените бараки изградени после земјотресот исто така нетреба да стравуваат бидејќи дрвените конструкции се во одредени случаи и многу поиздржливи од бетонските пред се поради самата еластичност и флексибилност на дрвото меѓутоа бидејќи самите бараки се изградени пред многу години не е лошо стручно лице да направи проценка дали има потреба од подобрувања.

Да нема заблуди ќе биде страшно овој земјотрес има 11 пати поголема енергија од тој во неделата, ќе паѓаат предмети ќе тропаат врати се ќе се ниша како на филм, меѓутоа самото сознание дека зградата нема во никој случај да се сруши треба да ви даде храброст во тие неколку секунди да се позиционирате на место каде сте најбезбедни (кај рамката на вратата) пред се од некој предмет од таванот и ѕидовите што може да ви падне врз глава, пренесува енаука.

Поради сето ова сметам дека треба да бидеме смирени и да не предизвикуваме трауми врз нашите деца што го гледаат нашиот страв и постапки и како превентивна мерка што секој треба да ја превземе во својот дом е привремено да ги премести или дополнително прицврсти одредените елементи од ѕидовите и таваните што би можеле да не повредат при потрес, а доколку станот е пренатрупан со опасни објекти и витрини што може да паѓаат добро е секој да си одреди едно почисто место каде смета дека би било најбезбедно да се премести веднаш заедно со своите најблиски.

Кој треба да биде загрижен при ваков настан?

Сите оние ѓраѓани што имаат изградено или доградено делови на своите куќи без притоа да имаат поставено темели (стопи) со носечки армирани столбови и цирклажи се во сериозен ризик од можно рушење на градбадбата од овој тип, затоа мој совет е во најскоро можно време да побараат стручен совет од архитект кој ќе им даде стручен предлог како може конструктивно да го подобрат својот објект со цел да можат мирно да спијат.

Во наредното видео можете да видите симулација на внатрешноста на објект при земјотрес со минимум 100 пати поголема енергија од тој во Скопје 1963 и треба да ви послужи за евентуално планирање на распоредот на предметите во вашите објекти или при планирање на најбезбедното место во објектот каде би требало да се преместите при евентуална катастрофа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top