Разностран триаголник
Стан А – 75.106 евра
Стан В – 97.000 евра
Стан С – 84.494 евра
Се тресела земјата, чудо големо. Ќе ви се тресе кога ви се евтини становите, трошни куќите. Дали му се тресе на Петре станој купуем? Колку се потешки становите, толку ништо не ги помрднува. И фотелјата удобна, па нека дрма, тресе, удира!
Туку, да го фатиме од почеток.
Од неделата, речиси една недела, Скопје го потресуваат низа земјотреси, кои посилни, кои послаби, но сите со истата тежина во колективниот ужас на градот кој се сеќава, во градот со лузната „1963“.
И додека граѓаните паничат, експертите смируваат, Петре од СДСМ мајтап тера. Или поточно, спроведува нејасна предизборна агенда, зашто во хуморот (читај: глупоста) не е осамен. Функционерите на СДСМ се однесуваат како да не се од тука, како да не живеат во истиот град, во истата земја и како да не ги делат стравовите и судбината на останатите граѓани, туку се натпреваруваат во црнотилакот со кој ќе го зачинат хуморот. „Голема излезност денес од 7 сабајле“, „Економски раст од 3.9 по Рихтер“, „Ниеден земјотрес не може да ме спречи да преживеам, само да доживеам Грујо да падне. После сѐ е во рацете на Алах“ – сѐ се ова хумори со длабоко вградена мистерија, која добива интензитет со ситнењето на предизборната стотка. Никому не му е јасно како очекуваат овие луѓе народот кој го исмеваат кога му е тешко да им даде поддршка и да им ја довери судбината на изборите на 11 декември. Кога како сите нив не ги дрма, тресе, удира, исто како да не се тука.
„Не беше земјотрес. Миленко си играл фризби со рамната плоча…“
Што и да има да му порача на Миленко, не го избра моментот. И што е најлошо, тоа го знаат и граѓаните кои треба да му го заокружат името кога ќе дојде времето. А кога ги молиш, не е фино да ги лутиш.
„Не е место за глупави шеги. Вие во политиката изгледа со тек на време некоја деформација и ретардација доживувате, па оние надвор од политиката страдаат поради вашиот поматен разум. Господ на помош.“
„Петре те пернал земјотресот во глава. Луѓето се во страв, ти се мајтапиш како да си во бункерот на Тито.“
„Ти нормален ли си? Се пишува ли ова, јас без душа од четврти летав со дете во рака, се пореметивме комплет.“
Но, Петре не слуша.
„Оп! Контраземјотрес!“
Колку е посилен ударот, толку му е појака смешката.
„И во оваа работа најде место за политика?“
„Шегиве се невкусни тотал. Со човечки страв и несреќа нема шега.“
„Баш ти е на место статусов! Понекогаш молчењето е злато.“
„Жално и многу невообичаено за еден политичар, а пред сѐ и човек да се потсмева на временска непогода. Дали доколку ви настрадаше некој член од вашето семејство ќе ви беше исто толку смешно? Нас опасност нѐ демне, вие се смеете. Господине Шилегов, вака не се сака својот народ. Не потсмев, туку поддршка бара народов. Поддршка, план и програма.“
„Господине Шилегов, за жал, многу го променив мислењето за вас. Од природни непогоди и големи стресови кави што доживеавме денес, гледате и се обидувате да добиете политички поени, Со вашиов статус изгубивте многу и како човек и како политичар. Жално.“
„Во ваков стресен ден за сите скопјани, нему му е до мајтап – срамота.“
„Тoа ли е вашиoт начин на пoддршка ?“
Горенапишаното изгледа ја решава мистеријата на понорната политика – кога ќе дојде времето, ќе му биде пречкртано името.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 211 број на неделникот Република, кој излезе од печат на 16 септември 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.