| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-туризам: Koга комшијата го издава станот на еден ден

Околу 1.500 станови во Белград можно е да се изнајмат на само еден ден, а додека нивните сопственици се пресреќни поради добрата заработувачка, соседите полудуваат, бидејќи ноќе не можат да спијат поради премногу гласниот секс.

Како што пишуваат српските медиуми, сè поголем број сопственици се откажуваат од месечното изнајмување на становите, бидејќи на тој начин можат да заработат до 300 евра, а ако ги изнајмуваат по ноќевање заработуваат и до 1.000 евра месечно.

Сепак, тие станови ги изнајмуваат оние желни за забава или трагачи по секс засолниште.

– Ноќе се организираат забави кои траат до сабајле, се пушта гласна музика, луѓето врескаат, пејат, тропаат по вратите. Бог да ние е напомош! меѓутоа, интересдно е дека и младите двојки неретко изнајмуваат стан за да водат љубов. Кога тоа го прават, тоа често се слуша во целата зграда. Не можеме да спиеме поради сè. Зградата ни е речиси претворена во јавна куќа – рекол еден од станарите за српски „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top