Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер е регистриран ноќеска во реонот на Шипово, Босна и Херцеговина.
Мрежата на Сеизмолошките станици на Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска евидентирале земјотрес во 2 часот и 57 минути со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер и проценет интензитет во епицентралната зона од пет степени според Меркалиевата скала. Земјотресот бил на длабочина од 2,5 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.