Викендов ќе се одигра 152. вечно дерби помеѓу Црвена Ѕвезда и Партизан, а еден од најпотресните дуели меѓу овие два ривали бил одигран во чудна атносфера далечната 1970 година. Трагедијата се случила непосредно пред 47. дуел помеѓу белградските клубови кога младиот фудбалер на Партизан, Бранко Надовеза (19) загинал во сообраќајна несреќа непосредно пред дерби натрепреварот.
Тој бил исклучително талентиран фудбалер за кој повеќе легендарни тренери меѓу кои и Гојко Зец, предвидувале дека е иднината на клубот.
– Запаметете го добро ова момче. Гарантирам дека тој за многу кратко време, можебе веќе следната година ќе стане незаменлив во Партизан и стандарден првотимец во репрезентацијата, изјавил Зец.
За жал неговитe зборови никогаш не се оствариле затоа што ноќта помеѓу 11 и 12 ноември тој го загубил животот враќајки се дома по куп натпревар во Крушевац.
Оваа вест многу ги погодила фудбалерите на Партизан кои во ужасна атносфера се подготвувале за 47 вечно дерби, но ни нивниот ривал не останал рамнодушен, па Црвена Ѕвезда колективно со сите играчи и членови на стручниот штаб отишле на побребот на младиот играч.
По испраќањето на момчето во вечниот дом, дерби натпреварот бил спремен да започне, но во најтажната атносфера дотогаш.
Стадионот на натпреварот бил преполн, како и секогаш на натпреварите помеѓу овие два тима, а освен дождот кои не престанувал да врне, атносферата била тажна и тешка поради смртта на младиот фудбалер.
Иако Црвено белите биле фаворити пред мечот, сепак фудбалерите на Партизан успеале да соберат сили и иако не одржале ниту еден тренинг пред натпреварот, го добиле со резултат 2:1. Победничкиот гол постигнат по последната минута на дуелот му бил посветен на загинатиот соиграч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.