| четврток, 6 декември 2018 |

„Венеција на северот“, каде што сонцето никогаш не заоѓа

Ако се подготвувате да го посетите главниот град на Кралството Шведска, следните сознанија можеби ќе ви дојдат добро.

1. Стокхолм е познат како „Најмал голем град во светот“ и „Најголем мал град во светот“.

2. Градот со околината има околу два милиона жители, од кои 16 отсто се имирганти.

3. Не е само метрото во Москва познато по уметничките дела, туку и тоа во Стокхолм. Подземната железница на Стокхолм воедно ќе ви послужи и како музеј.

4. Стокхолм, исто така, е дом на две „нешта“ кои се наоѓат на листата на Светско културно наследство на УНЕСКО: Кралската палата Дротнингхолм и гробиштата Вудланд.

5. Првото доделување на Нобеловите награди е организирано во 1901 година во Стокхолм.

6. На почетокот на 18 век градот бил под влијание на чумата, која ја намалила градската популација за 30 отсто.

7. Стокхолм со право се смета за европска престолнина на зеленилото затоа што една третина од градот ја сочинуваат зелени површини. Фасцинантен е и податокот дека 95 отсто од населението живее на 300 метри или поблиску до зелените површини.

8. Доколку градот го посетите во јуни, нека не ве зачуди фактот дека „сонцето вечно свети“. Имено, темнината, односно самракот трае од полноќ до три наутро, а другото време е ден.

9. Градот често се нарекува и „Венеција на северот“ поради положбата на море и големиот број многу убави архитектонски објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top