Алжирскиот атлетичар Абделатиф Бака направи неверојатен подвиг на Параолимписките игри кои се во тек во Рио де Жанеиро во дисциплината на 1.500 метри.
Бака во категоријата Т13 (слабовидни спортисти) победи со време од 3 минути, 48 секунди и 29 стотини, пред сонародникот Тамируа Демисе и Кениецот Хенри Кирве.
Времето на Бака е побрзо од она на Американецот Метју Центровиц, кој на Игрите во Рио пред еден месец истата патека ја мина за седунда и половина побавно и освои златен олимписки медал. Времето на Центровиц беше 3,50,00 минути.
Она што е интересно е што првите четворица параолимпијци во категоријата Т13 оствариле подобар резултат од тој на Центровиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.